Се венчале по три месеца врска: Славниот фризер полудел по 12 години помладиот актер и веднаш го запросил!

Љубовна приказна

Актерот Лукас Гејџ и славниот фризер Крис Еплтон се венчале по три месеца врска

Ѕвездата од серијата „Белиот лотос“ и „Ти“, Лукас Гејџ (27), и 12 години постариот фризер на славните, Крис Еплтон, се венчале минатиот викенд во Лас Вегас.

Двојката имала интимна свадбена церемонија со неколку гости, меѓу кои била и Ким Кардашијан. Актерот и фризерот по судбоносното „да“, заедно со ријалити ѕвездата, отишле на концерт на Ашер во луксузен хотел во Лас Вегас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by lukas gage (@lukasgage)

По венчавката се појавиле на доделувањето модни награди The Daily’s Fashion Los Angeles Awards, а носеле ист прстен на левата рака. Еплтон бил прогласен за фризер на годината. Додека се заблагодарувал за наградата, го споменал Лукас.

„Му благодарам на Лукас што беше моја карпа и што ме толерираше. И што правеше да се чувствувам совршено, кога знаев дека не сум совршен“, рекол тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by lukas gage (@lukasgage)


Инаку, Лукас и Крис се свршиле на почетокот од април, со што ги изненадиле блиските луѓе.

„Пријателите дефинитивно се шокираа што толку брзо се случи тоа, но среќни се поради нив. Се чинеше дека тоа е вистинскиот потег“, раскажал извор близок на двојката.

„Крис долго време бараше нешто вистинско. Ова брзо се одвиваше, но тој е заслепен од Лукас“, открил друг извор близок на славниот фризер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1)


Актерот претходно открил колку е среќен кога зборувал за својата врска во интервју за „Пипл“.

„Ќе ја најдеш совршената личност кога најмалку ќе се надеваш. Бев сингл многу долго и никогаш не мислев дека ќе ми се случи тоа, но се случи“, раскажал Гејџ.

Двојката често споделува заеднички фотографии на Инстаграм, а според странските медиуми, нивната врска почнала во февруари оваа година. Во март првпат се појавиле заедно во јавност на црвениот килим на забавата што ја организирале „Венити Фер“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.