Целиот свет му се смеел кога сопругата јавно му „набила рогови“: Она што го направила Камила, на ниту една друга жена не ѝ успеало!

Скандал

Ендру Паркер Боулс јавно бил изневеруван – го лажела и изневерувала за време на целиот брак, но успеала да го одржи нивното пријателство

Првиот сопруг на кралицата сопруга Камила, Ендру Паркер Боулс, е еден од 2000-те почесни гости кои ќе присуствуваат на крунисувањето на неговиот некогашен соперник, кралот Чарлс Трети.

И покрај тоа што сопругата го изневерувала со член на британското кралско семејство, тој останал со неа во одлични односи, исто како и со остатокот од кралското семејство, поради што Британците не се ни чудат што добил покана.

Камила и Ендру биле во брак цели 22 години, сè до 1995 година, а сега тој ќе биде сведок на моментот кога неговата поранешна сопруга и официјално ќе биде крунисана, заедно со љубовта на нејзиниот живот – кралот Чарлс Трети.

 

Овој момент ќе биде посебен за Паркер Боулс и поради тоа што неговите внуци, 13-годишните Фреди Паркер Боулс и Луис Лопес ќе бидат почесни гости на самата церемонија.

„Тој многу прави за нив. Сите овие години одат заедно на ручеци и секогаш се тука еден за друг. Тој отсекогаш бил и секогаш ќе ѝ биде партнер на Камила“, рекол извор близок на поранешниот маж на Камила Паркер, потврдувајќи го нивниот неверојатно близок однос, и покрај сè што поминале.

Ендру Паркер Боулс со децении е чест гостин во кралските кругови, а во младоста играл и за поло тимот на Чарлс. Принцезата Ана на почетокот на 1970-тите години била во романтична врска со него. И со неа останал во добри односи до таа мера што Ана го одбрала да ѝ биде кум на ќерка ѝ Зара.

Ендру Паркер Боулс се оженил со Камила во 1972 година, а во бракот добиле две деца, син Том и ќерка Лаура. Се развеле во 1995 година, а една година подоцна, тој се оженил со Розмери Питман. Токму со втората сопруга се појавил во капелата Сент Џорџ во Виндзор на венчавката на Чарлс и Камила во 2005 година.

Розмери починала во 2010 година, откако ја изгубила долгогодишната битка со карциномот, а со неа се збогувала и Камила, која, секако, се појавила на нејзиниот погреб.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.