Очаен потег на Брижит Макрон да се подмлади: Направила тројна пластична операција?!

Ја вознемириле негативните коментари

Иако Французинките се жени што ја ценат природната убавина, првата дама наводно одлучила да легне под нож

Француските и светските медиуми деновиве не престануваат да пишуваат како првата дама Брижит Макрон наводно направила естетски операции во една приватна клиника во Париз.

Насловите на таблоидите тврдат дека 66-годишната Брижит направила три корекции, но не се познати други детали. Исто така, се зборува дека операциите поминале одлично, дека првата дама добро заздравува и дека уште истата вечер ја напуштила болницата.

Иако Французинките  се познати по природниот изглед, се зборува дека на Брижит конечно и’ досадило да слуша дека изгледа многу постари од 25 години помладиот сопруг Емануел, па наводно решила да преземе нешто во врска со тоа.

Други, пак, велат дека големата разлика во годините меѓу нив не може да ги скријат никакви корекции и дека ова е очаен потег на постарата сопруга на францускиот претседател да му се приближи на Макрон по изгледот.

Останува само да видиме како ќе изгледа Брижит Макрон на фотографиите следен пат кога ќе се појави во јавност.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.