Заборавиле да ѝ кажат дека изгледа вулгарно: Актерката изгледа ептен сакала на сите да им ги покаже голите гради!

Што мислите вие?

Тенка е границата помеѓу вулгарниот и сексапилниот изглед, а Салома ја преминала таа граница

Актерите едвај ги дочекаа филмските фестивали. Поради коронавирусот, речиси цела година немаше црвени килими. Па така, оваа година можеше да се видат најраскошни фустани. Но не сакаат сите убаво да се облечат, некои сакаат и сосема да се соблечат…

Една од тие што сакаат да покажат сѐ е и белгиската актерка Салома Девелс, која досега не беше позната надвор од Белгија, но сега сите светски медиуми пишуваат за неа.

Салома на премиерата на филмост се појавила „облечена“ во фустан со целосно проѕирен горен дел, па така нејзините гради јасно се гледале, како да не носела ништо друго освен здолниште.

„Венити Фер“ нејзиниот изглед го прогласиле за најхрабар досега, додека Салома гордо им позирала на фотографите.

„Луѓето секако ги гледаат моите гради на филм, па зошто тогаш да не ги покажам и на црвениот килим“, им кажала актерката на насобраните новинари.

На филмскиот фестивал во Венеција се претставила со филмот Illusion Perdues, во кој игра една од главните улоги.

Откако е во врска со контроверзниот музичар, Меган Фокс шета вака (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.