Највкусниот ајвар што постои: Сите се воодушевени од овој рецепт, а тајната на совршеноста е во ОВА!

Зимница без конкуренција

Зимницата за многумина е незамислива без ајвар, кој може да се приготви во бројни варијанти, но овој рецепт ќе ве воодушеви

Состојки:
  • 5 кг црвени пиперки
  • 1 кг козјо сирење (постаро)
  • 1 врзоп листови од магдонос
  • 1 помала главица лук
  • 2 дл масло
Приготвување:
  • Испечете ги пиперките на плотна или рингла, па покријте ги со фолија или со кеса за полесно да ги излупите.
  • Потоа, исчистете ги од семките и од петелките, па искинете ги по должина како запинџур.
  • Оставете ги да се цедат прекуноќ.
  • Исцедените пиперки префрлете ги во тенџере, додајте ситно сечкан лук и масло и добро пропржете.
  • На крај, додајте ситно сечкан лист од магдонос и издробено козјо сирење.
  • Врелиот ајвар сипете го во врели тегли, затворете ги и завиткајте ги во ќебе, па оставете ги така да се ладат (обично околу 24 часа).
Ајвар од печени пиперки без конзерванси: Ова е најдобриот рецепт за познатиот македонски специјалитет!
Прочитајте и
1 коментар
  1. Antoaneta G. Weber вели

    Verojatno e vkusno , ama sigurno ne e ajvar. Vakvi prikazni na nekoj Slovenec, Hrvat, Srbin od Vojvodina, Bugarin ili na nekoj drug stranec sto ne e od centralen Balkan. Kaj Makedonci, tesko proagjaat.

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време