Откако е во врска со контроверзниот музичар, Меган Фокс шета вака (ФОТО)
Провоцира
Откако му стави точка на 10-годишниот брак со актерот Брајан Остин Грин (47), со кого има три деца, актерката Меган Фокс (35) значително го смени својот имиџ.
Многумина коментираат, според написите во американските таблоиди, дека за тоа е „заслужен“ нејзиниот нов љубовен партнер, музичарот Машин Ган Кели (31), за кој се шпекулира дека е главната причина за разводот на Меган и Брајан.
Врската со контроверзниот музичар во голема мера влијае и врз имиџот на актерката, која сега изгледа доста поразлично од порано. Таа неодамна беше снимена за време на прошетката низ улиците на Лос Анџелес во провокативно издание, кое совршено му прилегаше на нејзиното вито тело.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм