„Не ги осудувам жените во брак со деца, но имам право да кажам дека тоа не е живот за мене“: Најискрената исповед досега!

Исповед на една жена

„Јас сум од оние жени што ретко се среќаваат. Имам 40 години, не сум се венчавала и не сум раѓала“

Да, возможно е, такви жени навистина постојат и не се кријат во глувчја дупка, туку отворено и гласно зборуваат за својот живот. Прочитајте ја исповедта на една од нив:

„Не се срамам од животот што го живеам, напротив, кога ги гледам моите омажени пријателки, многу сум горда на својот живот.

Имам добра работа што сакам да ја работам, добро заработувам и имам прекрасни колеги. На работа сум од 9 до 16.00, ниту еден ден не се чувствувам исцрпено или уморно – уживам во секој ден. Успеав да си дозволам стан од 60 квадрати во центарот на градот што го уредив по свој вкус.

Викендите ги поминувам кај родителите, им помагам околу обврските што не успеале сами да ги завршат, им давам многу пари и секогаш се трудам што повеќе да им олеснам сѐ, иако сѐ уште се многу здрави и подвижни. Имам свои мали ритуали што ги стекнав низ годините.

Тренирам три пати неделно, често одам со пријателките во ресторани и локали, си купувам сѐ што ќе посакам и се обидувам да бидам што поприземна во сите сфери на животот. Имам партнер со кого се гледам 3 години. Тој има свој стан, свои навики и не планираме заеднички живот.

Тој ја почитува мојата слобода, јас ја почитувам неговата и супер се согласуваме. Не ги осудувам омажените жени што имаат деца, но имам право да го изразам своето мислење и да кажам дека тоа едноставно не е живот за мене. Многумина ми велат дека ќе се каам во иднина што не сум родила, но не верувам дека тоа ќе се случи.

Животот, секако, е краток, без разлика дали сме имаме деца и маж или немаме – секако брзо ќе помине и за некоја деценија, прашање е дали и колку ќе ве спомнуваат вашите внуци.

Сакам само да им кажам на луѓето дека не е важно дали жената се омажила и дали родила деца – важно е жената да ужива во својот живот, каков и да е!“

Исповед на изневерена жена: „Јас сум виновна што сопругот ме изневеруваше – доцна сфатив дека згрешив!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.