Покрај новиот дечко, заборавила на сè – и на огледалото и на модниот вкус!

Што се случува со Меган Фокс?!

Сите зборуваат за модната катастрофа на познатата актерка

Актерката и манекенка Меган Фокс, жена што со години важи за секс-симбол и сон на многу мажи, синоќа се појавила на доделувањето награди „Билборд“ во Лос Анџелес и потполно разочарала, како со стајлингот така и со однесувањето.

Имено, нејзините обожаватели веќе подолго време не можат да го прифатат фактот дека за нов партнер го одбрала Колсон Бејкер, рапер попознат по уметничкото име Машин Ган Кели.

Прекрасната Меган гордо позирала со својот дечко во многу необична модна креација, која повеќе откривала одошто сокривала.

„Чуден спој на црна завеса и костим за капење“, коментираа многумина, додека некои повеќе му обрнале внимание на Кели, на неговиот ексцентричен изглед и црн јазик.

Сите коментираат дека не можат да сфатат што видела Меган во раперот, особено откако десет години била во брак со актерот Брајан Остин Грин, кому му родила три деца.

Убавата актерка го напуштила сопругот и трите деца поради него: Целиот свет се прашува што видела во него!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.