Веста дека тие се заедно предизвикала голема бура
Актерката Меган Фокс (34) веќе неколку месеци ужива во романсата со музичарот Машин Ган Кели (30). Поради него, актерката се развела од актерот Брајан Остин Грин, со кого има три деца.
По веста дека Меган го напуштила сопругот поради овој музичар, следела вистинска бура на Интернет. Нејзините обожаватели не се воодушевени од оваа врска, а многумина се прашуваат што видела во него и како можела да го остави Брајан.

Меган и Машин се запознале пред една година на снимањето на филмот Midnight in the Switchgrass и набрзо запловиле во врска што го разбранува Холивуд.
Иако Брајан изјавил дека мирно се разделиле, биле уловени во лага – поранешниот брачен пар повремено се напаѓа со отровни стрели на Инстаграм. Па така, по првата заедничка фотографија на која Меган напишала „Толку убав дечко што боли. Моето срце е твое“, наскоро возвратил и Брајан.
View this post on Instagram
Тој кратко по актерката, на својот профил споделил фотографија од неговите синови Ноа, Боди и Џурни, кои ги добил со Меган, како и од најстариот Касиус од првиот брак, пишувајќи опис кој јасно алудира на објавата на поранешната сопруга.
„Толку убави момчиња што боли. Моето срце е ваше“, напишал Брајан а поврзаноста со зборовите на Меган е повеќе од јасна.