Тие се најголемите кукавици на светот: Никогаш не смеете да им се доверите на овие 4 хороскопски знаци!

Астрологијата открива

Тие не само што нема да ви дадат поддршка, туку и ќе ви забијат нож во грбот!

Ако ви е тешко, барате излез од непријатна ситуација или едноставно ви треба поддршка, треба да знаете дека овие хороскопски знаци никогаш нема да имаат време за вас.

На прво место е Скорпијата! Тие не само што се кукавици, туку и ќе ви забијат нож во грбот тогаш кога најмалку се надевате. Скорпијата сама по себе е мрачен знак и таа се води според своите нагони.

Тие се посилни од неа. Кога е во криза, со отровниот опаш прво ќе ве убоде вас, па потоа и себе. Немојте да сметате на Скорпиите кога е напнато. Во сериозни и кризни ситуации тие се повлекуваат во себе и нивните реакции се смртоносни.

Риби – големи сонувачи што немаат храброст. Да, точно е дека имаат голема емпатија и можеби најдобро сочувствуваат со другите луѓе. Но кога ќе дојде до напната ситуација, тие исчезнуваат, едноставно немаат капацитет да застанат, да заштитат и да поддржат.

Близнаци – зборуваат и само зборуваат… Секогаш ги има секаде, сè знаат, постојано зујат, но кога треба токму во одреден момент да бидат тука, нив едноставно ги нема. Нивната перцепција за тоа кому, каде и што треба да помогнат е прилично нарушена. Навистина нестабилен знак.

Стрелец – голем другар, секогаш насмеан, секогаш присутен на сите места и патувања. Токму поради таквиот негов однос кон животот, немојте да сметате на неговата поддршка. Него едноставно не го држи место. Во моментот кога ќе му зборувате за вашиот проблем или страв, тој со едно уво ќе ве слуша, но со мислите којзнае каде ќе лета. И потоа ќе се случи да му се јавите во закажаното време, но тој отишол на пат околу светот, бидејќи едноставно заборавил на вашиот договор.

За овие три хороскопски знаци астролозите велат дека имаат ангелска душа: Нивната интелигенција и лојалност се ненадминливи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.