Ова не го очекувавме од неа: Цел свет и’ се смее на Меланија Трамп поради оваа модна комбинација

Моден гаф!

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ја завршила својата посета на африканските земји со патувањето во Египет

Првата дама на САД, Меланија Трамп, се фотографирала пред Сфингата и пирамидите во Египет во модерна верзија на сафари-одело и предизвикала бурни реакции на Интернет.

Меланија Трамп е позната по своите стајлинзи, но се чини дека потфрлила со нејзиното модно издание во Египет. Интернетот многу бурно реагирал на нејзиниот моден избор.

Сопругата на Доналд Трамп во Гиза се фотографирала пред Сфингата во беж сако, бела кошула, црна вратоврска, кремави панталони и шешир во соодветна боја. Изгледа ова е нејзиниот најголем моден гаф по зелената јакна на која пишувале „Мене ми гајле. А вас?“ која ја облекла за посетата на границата со Мексико.

Еден од најпопуларните коментари на Интернет бил оној кој ја споредува Меланија Трамп со Мајкл Џексон во спотот за песната „Smooth Criminal“ од 1988.

Други популарни споредби се оние на Меланија со Ханибал Лектор и Рене Белок од првиот „Индијана Џонс“.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време