Кери Бредшо се откажа од Маноло Бланик и сега ги носи овие чевли

Се надеваме дека наскоро ќе откриеме што се сменило во животот на Кери Бредшо, Миранда Хобс и Шарлот Јорк, земајќи предвид дека официјалниот датум на излегување на оваа мини-серија наречена „И токму така …“ сè уште не е познат.

Засега имавме можност да видиме тизер, кој не ни откри ништо, но затоа фотографиите од снимањето ни открија многу!

Она што дефинитивно ни привлече внимание во врска со овие фотографии се стајлинзите, кои се доста различни од оние на кои сме навикнати кога е во прашање славната четворка (и, сега тројка, бидејќи Саманта нема да ја гледаме, за жал).

За жал, Патриша Филд – костимографката која беше задолжена за стилизирање на нашите сакани пријателики од Менхетен, веќе нема никаква врска со серијата.

Второто „за жал“ гласи: горенаведените информации се крајно очигледни, и, како што објавија некои лајфстајл-магазини, срцепарателни!

И навистина е така. Облеката што ја носат Кери, Миранда и Шарлот изгледа неавтентично, многу покласично и очекувано. Едноставно: сето тоа веќе го видовме на сите други хероини во сите други серии. Срцепарателно, навистина.

Најтажната работа за крај. Кога станува збор за обувките, навистина ни е тешко воопшто и да зборуваме на оваа тема. Едноставно кажано, ликот на Кери во овие тенки, совршено женствени, елегантни и толку секси потпетици, има совршена паралела со нејзиниот карактер.

Всушност, можно е овие претежно досадни, па дури и груби, очекувани и класични чевли, кои таа ги носи во продолжение на своите авантури, да имаат врски со нејзиниот сегашен карактер, и несомнено со нејзините нови и различни афинитети, но навистина се надеваме дека не е така.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Профимедиа

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.