Кери Бредшо со најчудната чантичка – која им пркоси на сите модни правила (ФОТО)

Дали би ја носеле?

Овој моден додаток стана вистински хит, а еве за што станува збор…

Чантата инспирирана од гулаб го имаше своето деби во новата сезона на „И само така“. За повеќето њујорчани, гулабите се ноќна мора. За Кери Бредшо, гулабите се мода – па имавме можност да видиме како успеала да го искомбинира овој необичен додаток.

Во новата сезона на And Just Like That, Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) уште еднаш демонстрира колку е силна во модната игра носејќи хиперреалистична гулабна чанта додека ја придружуваше Шарлот (Кристин Дејвис) во луксузна продавница.

Иако чантата JW Anderson од 890 долари не е воопшто практична – во неа не може да се стави дури ни мобилен телефон – предизвика вистински хаос кога папараците ја забележаа актерката како ја носи за време на снимањето минатата година.

Погодувате, по објавувањето на фотографиите – чантата е распродадена!

Штом излегоа папарацо-фотките на Сара Џесика како ја носи чантичката, стана вистински хит, вели костимографот на популарната серија, Дени Сантијаго.

 

Имаше листа на чекање, бидејќи се распродадоа. Кога ќе се емитува епизодата оваа недела, повторно ќе привлече големо внимание. Сигурен сум дека луѓето ќе сакаат да ја имаат. Тоа е толку кул парче.

Фото: Twitter

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.