Дали еден мантил навистина може да вреди 3.855 евра? Анџелина Џоли не се одделува од ова парче во Париз (ФОТО)

Фото: Getty Images

Што друго би носеле во Париз освен пругаста маица, беретка и тренч-мантил? Но зар тоа не е навистина премногу излитено клише?

Анџелина Џоли секако е свесна за тоа, па својата својата стилска почест на европската престолнина на модата ѝ ја оддаде симболично, одлучувајќи се само за славниот мантил, но не во Барбери, туку на Диор.

Сепак, не во кој било модел на Диор, туку на оној по цена од 3.855 евра.

Овој тренч-мантил не изгледа многу поразлично од оние чија цена е до петпати пониска, но факт е дека дефинитивно одлично ѝ одговара на 46-годишната актерка.

Славната актерка славното палто целосно го стилизира во духот на 1970-тите, со ѕвонарки и чевли изработени од превртена кожа во светло-кафени нијанси, додека најистакнат додаток беше чантата на Селин со логото на брендот, а носеше и очила за сонце со проѕирни стакла и рамки што исто така алудираат на наведената ера.

Angelina Jolie wearing a trench coat

Текст: Убавина и здравје

Фото: Marc Piasecki/GC via Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.