Венчаница „Долче и Габана“ за која се зборува: Убавата внука на Лејди Ди се омажи

30-годишната моделка се смета за наследничка на својата тетка, барем кога станува збор за убавината

Иако свадбената церемонија се одржа за време на викендот, изборот на венчаницата што ја носеше внуката на Лејди Ди на нејзиниот посебен ден е сè уште една од главните модни теми.


Постојат повеќе причини за ова, а најголемата сигурно е што Кити Спенсер не се одлучи за венчаница слична на онаа што ја носеше нејзината славна тетка, како што се очекуваше, туку модел кој најмногу потсетува на венчаницата на Грејс Кели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by gracekelly_daily (@gracekelly_daily)

Главната разлика е во тоа што венчаницата на Кити Спенсер е дело на вештите раце на дуото Долче & Габана, додека онаа што ја носеше Грејс во 1956 година беше направена од наградуваната  костимографка Хелен Роуз и беше подарок од филмското студио Метро-Голдвин-Маер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kitty Spencer (@kitty.spencer)

Се разбира дека има разлики во самиот изглед, пред сè со оглед на фактот што венчаницата во која Кити се омажи во Рим викендов е направена целосно од тантела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kitty Spencer (@kitty.spencer)

Секако, целосно е рачно изработена и сè беше направено според мерка, а Стефано Габана и Доменико Долче учествуваа лично во процесот на кроење и шиење.

Овој фустан всушност најмногу потсетува на оној што Кејт Мидлтон го носеше на нејзината венчавка во 2011 година – а кој го потпишува модната куќа „Александар Меквин“, а цената беше неверојатни 250.000 фунти.

Цената на венчаницата што ја носеше Кити Спенсер сè уште не е позната, но сигурни сме дека станува збор за значително вртоглава сума што оди на сметката на Д&Г.

Инаку, церемонијата се одржа во близина на Рим во прекрасен замок од 17 век, а зетот, 62-годишниот милионер Мајкл Луис, исто така беше виден на улиците на Рим во костумите на Долче и Габана претходните денови, од кои едниот го носеше и на денот на венчавката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kitty Spencer (@kitty.spencer)

Текст: Убавина и здравје

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.