Најомразените чизми добија уште побизарен детаљ: Често можеме да ги видиме и на нашите улици, а мажите не можат да ги поднесат

Што мислите вие?

Најомразените чизми оваа сезона доаѓаат во ново руво

Откако станаа популарни во 2000-тите години, овој пар обувки стана есенцијалниот крал на сите стајлинзи. Сигурно погодувате дека станува збор за чизмите UGG. И оттогаш секоја зимска сезона се враќаат во ново руво.

И понатаму во фокусот е мини-верзијата на овие чизми што од минатата есен редовно можеме да ја видиме на нозете на многу трендсетерки, а сега добија уште една надградба – платформа.

Без разлика дали дизајнот ни се допаѓа или не, оние што ги носат тврдат дека ниту една обувка не е потопла и поудобна од чизмата од брусена кожа со мека волнена постава. Веројатно нивната голема популарност се должи токму на тоа што се многу практични и топли.

Од друга страна, овој најнов модел со платформа од 5 сантиметри веќе го испробаат многу славни дами, како што се Бела Хадид и Елса Хоск, па не е ни чудо што веднаш се распродадоа.

Овој модел на чизми е многу популарен и кај нас и за него важи правилото: или ќе го мразите или ќе го сакате. Може да се каже дека ни оваа зима многу дами нема да се откажат од својот пар иако бројни љубители на елеганцијата и класиката ги критикуваат, а мажите ги сметаат за најгрдите обувки некогаш направени.

Што мислите вие за новиот модел кој е моментално најбараниот во светот? Дали ќе ги вклучите во вашата колекција на чизми за зимата 2022 или сè уште не сте на чисто ни со класичните UGG чизми?

Модни обувки за кои не сте ни помислиле дека можат да бидат ХИТ: Чинат 950 долари и ги носат светските инфлуенсери
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.