Се вратија во мода чизмите што не важеа за женствени, но со години беа ИН: Оваа зима се тотален хит!

Ќе ги обожавате

Заборавете на каубојките, мартинките и ефектните чизмички до глужд, бидејќи оваа зима е во знакот на моторџиските чизми

Моторџиските чизми станаа вистински моден израз, давајќи им посебен шарм и младешки дух на зимските модни комбинации. Нивната приказна започнува во светот на моторџиите, каде што карактеристичната кожена лента првично служела како заштита за возачите во случај на пад. Меѓутоа, оваа сезона доживеаја вистинска ренесанса, благодарение на дизајнерската генијалка Миучи Пради, која ја претстави својата кул верзија на моторџиски чизми за брендот „Миу Миу“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miu Miu (@miumiu)


Моторџиските чизми, без разлика дали се до глуждот или достигнуваат до колената, сега се исклучително популарна, особено ако се украсени со метални детали. Дизајнот што комбинира рокерски изглед со софистицирани елементи ги прави совршен додаток на секоја модна комбинација за време на ладните зимски денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grece Ghanem (@greceghanem)

Високите модели на моторџиски чизми претставуваат вистински моден предизвик и тие се одличен начин за да се реконструираат зимските изданија на трендсетерките. Нивната гломазност доаѓа до израз кога се комбинираат со малку поженствени парчиња облека, создавајќи ефектен контраст и давајќи му доза на храброст на целосниот изглед.

Сега, повеќе од кога било претходно, моторџиските чизми не се само функционално парче облека туку и израз на личен стил и модна смелост. Дефинитивно време е да уживате во удобноста и уникатноста што моторџиските чизми му ја даваат на секојдневниот моден стил во зимската сезона.

3 начина како да носите шал и да изгледате одлично: Најубавите модни стајлинзи за зимскиот период
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.