Болно и скандалозно: Ким Кардашијан ги поместила сите граници на модата!

Вакво нешто не сте виделе досега!

Синоќа се одржа Мет Гала 2021, еден од најпрестижните модни настани

Ким Кардашијан сериозно го сфаќа појавувањето на црвениот килим. Мет Гала е настан што изискува сериозно модно истапување, а последниве години Ким Кардашијан води на тоа поле.

Сетете се само на нејзиниот фустан со бисери за којшто мораше да извади ребро!

Оваа година отишла чекор подалеку. Имено, се појавила во црн фустан од модната куќа Баленсијага, додека на глава носела маска што го покривала целото нејзино лице.

Фустанот ја нагласил линијата на нејзиното тело, бидејќи била припиена до телото, а маската ги следела контурите на лицето, но ништо друго не се гледало.

Само долгата црна коса ѕиркала под качулката што ѝ ги криела лицето, вратот, рамената и деколтето.

Ким Кардашијан со ова добила нешто што долго време го немала – анонимност. Ако нејзината силуета не беше добро позната ширум светот, никој не би ни знаел дека тоа е Ким Кардашијан.

За да излезе на црвениот килим, Ким ја воделе четири лица кои ѝ го покажувале патот, бидејќи таа ништо не гледала.

Се прашуваме како дишела под тоа?

Додека модните експерти воодушевено ѝ аплаудирале на нејзината појава, велејќи дека ова е толку иновативно, свежо и модерно, коментарите на публиката биле поделени. Едни зборувале дека нејзината појава е скандалозна, дека сето тоа изгледа болно, дека потсетува на бурка и слично.

Како ви се допаѓа овој изглед на Ким Кардашијан?

На крајот од вечерта, Ким се преслекла во комбинација во која можела да дише, но ги покрила очите со големи очила за сонце во форма на маска.

Кралицата на скандалите го украде Мет Гала шоуто – Модниот перформанс на Лејди Гага за кој сите зборуваат
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.