Еве што му е потребно на вашиот хороскопски знак за да биде среќен: Богатство, љубов или луксуз?

Проверете!

Што е среќа за вас? Дали се поклопува со вашиот хороскопски знак?

„Среќата ја одредува состојбата на нашиот дух, а не случувањата“, рекол Далај Лама, а еве што му треба на секој хороскопски знак за да биде среќен.

Овен

Авантури. Ако животот ви стане премногу рутински и монотон, ќе ви требаат авантури. Се чувствувате несреќно ако не пробате нешто ново.

Бик

Доследност. Не сакате да ве начекуваат неподготвени. Сонувате за удобен живот меѓу луѓето што ви се драги.

Близнаци

Пријателство. Вие сте дружељубива личност и затоа не поднесувате осаменост. Ви треба друштво за забава во текот на викендот или ќе полудите.

Рак

Страст. Копнеете по интимност. Не е важно дали излегувате со љубовта на вашиот живот или само поминувате време со потесното семејство. Не можете да живеете без љубов.

Лав

Внимание. Мразите кога ве ставаат во втор план. Секогаш сакате да бидете во центарот на вниманието.

Девица

Восхит. Сакате луѓето да му се восхитуваат на трудот што сте го вложиле. Ви требаат честитки и пријателско тапкање по грбот.

Терезија

Пари. Сакате да водите луксузен живот исполнет со убавина. Звучи материјалистички, но предметите ве прават среќни.

Скорпија

Финансиска сигурност. Не сакате постојано да ја чекате следната плата. Морате себеси и на вашите најмили да им обезбедите сигурен, стабилен живот.

Стрелец

Слобода. Не сакате да бидете врзани и да следите туѓи упатства. Ви треба сами да донесувате одлуки и да бидете слободни. Дури и кога ќе ја најдете вашата сродна душа.

Јарец

Успех. Сакате да ги исполните вашите амбиции во кариерата и да стекнете углед. Повеќе ве загрижува професионалниот одошто приватниот живот. Поважно ви е да успеете во деловниот свет.

Водолија

Граници. Не сакате да ве малтретираат. Сакате љубезност и почит. А за да се заштитите од тоа да бидете повредени, чувствувате потреба да поставите граници.

Риби

Прифаќање. Вие само сакате да се опкружите со луѓе кои ве прифаќаат, мотивираат и ви дозволуваат да бидете свои.

Дознајте што вели индискиот хороскоп за вашиот знак
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.