Во септември Џесика Бил и Кира Најтли на малите екрани

За повеќе новости за FilmBox следете ја Facebook страницата Filmbox Macedonia

Преубавата актерка Џесика Бил и нејзиниот сопруг Џастин Тимберлејк деновиве се актуелни во медиумите со нивното „тајно ковид-бебе“.

Веста дека повторно станале родители, а никој не ни знаеше дека очекуваат принова,  одекна во јавноста.

Не требаше да биде тајна“, изјави таа.

Само што се случи пандемијата ковид-19, отидов во Монтана со моето семејство и останав. Раѓањето за време на пандемија значеше многу неизвесност“, рече таа.

Посветеноста на семејството ја оттргна талентираната актерка од работата но има одлични филмови во кои може да уживаме до следниот нејзин проект.

Наш предлог „Рането срце“, филм во кој Меј (Бил), води New Age студио за јога заедно со нејзиното момче Декс (Еди Гатеги), и ја пронаоѓа својата долго изгубена сестра. Веселата учителка по јога, Меј, стапува во контакт со својата помлада полусестра Шива и го губи душевниот мир обидувајќи се да и помогне. Колку е подалеку од својот свет, толку повеќе влегува во светот на Шива, во светот на хаосот. И покрај различното минато, тие две брзо се поврзуваат.

Карактерните разлики помеѓу сестрите создаваат некои провокативни моменти, како на пример кога Шива ја запознава Меј со задоволството од држење наполнет пиштол.

Режисерката, чија биографија не информира дека добила магистерска диплома по ментална филозофија на Универзитетот во Единбург, и некогаш сама водела студио за јога, очигледно имала за цел да истражи филозофски прашања во нејзината втора година од студиите.

Не пропуштајте го „Рането срце“ на 30.09 во 21 часот на FIlmBox Extra.

Кира Најтли во „Минатата ноќ” ќе ве воодушеви. Ова е приказна за сексот, лагите и неверствата, „Минатата ноќ“ е филмски предизвик напишан и режиран од Маси Таџедин, а во него Кира Најтли и Сем Вортингтон глумат брачна двојка, живеат во елегантен њујоршки апартман, задоволни се од своите работни места и меѓусебната љубов која може да изгледа совршено како од списание, но немирот што го имаат им го бранува воздухот.

И Јоана и Мајкл  ги тестираатсопствените сомнежи.

Филмот беше развиен како романтична и неизвесна приказна, пред режисерот Таџедин да го препознае неговото морално значење.

н ги додаде другите улоги, земајќи ја предвид хемијата на актерите. Мендес првично ја одби улогата на Лора, но се согласи да се појави во филмот по разговорот со Таџедин.

Сцените се снимени во Сохо, Менхетен, а како директор на фотографија се потпишува Питер Деминг. Филмската музика ја компонираше Клинт Менсел, кој за својата саундтрак композиција доби награда за  композитор на годината.

На 27.09 во 19:30 гледајте го „Минатата ноќ” на FIlmBox Extra

„Состојба на умот” е уште еден американски филм за убиството на Џон Кенеди.

Во филмот играат Карл Т. Еванс – кој исто така го режираше филмот – заедно со Крис Нот, Ерик Мајкл Еспириту и Тони Ло Бјанко.

Во филмот се појавува и Питер Крис, оригинален тапанар на рок групата „Kiss“. Филмот ја раскажува приказната за детективот Дејвид Сека од Њу Џерси, кој случајно открива нови докази во врска со убиството на претседателот Кенеди.

„Состојба на умот ” е филм кој ни дава паметен, но ироничен поглед на некои од размислувањата на властите, очигледно имало три различни сценарија за убиството на Кенеди, и како што вели ликот на Нот, луѓето поминале децении обидувајќи се да ја состават сложувалката  за контроверзното убиство.

Предлагаме да го погледнете филмот, но со отворен ум, едноставно заборавете се што претходно сте знаеле за атентатот на д Кенеди. Ќе уживате!

 „Состојба на умот“  на 21.09 во 22:35 часот на FilmBox Stars

За повеќе новости за FilmBox следете ја Facebook страницата Filmbox Macedonia. FilmBox каналите ви ги овозможува  SPI International, а се достапни на A1 операторот како и на Neotel, Inel Internacional, Viva Net, TRD Kabel, Kanal 16 Ресен, Altra Sat 2000 Охрид, Infel KTV Охрид, Kable Kall Кичево, KDS Kablenet Прилеп и Vinsat Kabel.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.