Кралицата на скандалите го украде Мет Гала шоуто – Модниот перформанс на Лејди Гага за кој сите зборуваат
Позираше на црвениот килим 16 минути
Вчеравечер се одржа најзначајниот годишен настан во модната индустрија, Мет гала 2019, во Институтот за костими при Метрополитен музејот во Њујорк. Годинешнава тема на галата беше Camp: Notes of Fashion (Камп: Белешки за модата), што во овој контекст значи театралност, драма, претерување, гротеска, мешање на уметности…
Темата секако беше инспиративна за гостите на розовиот килим да се појават во неконвенционални изданија како нивно видување на истата, а најчесто нивните костими беа со хумористичен ефект.
https://www.instagram.com/p/BxJbNVcB0jM/?utm_source=ig_embed
Покрај Ана Винтур, домаќини на годинешнава гала беа и Лејди Гага, Серена Вилијамс, Хари Стајлс, Алесандро Микеле, a Гага успеа да го украде шоуто и нејзиното позирање на црвениот килим траеше цели 16 минути.