По чаршавот-фустан, Меланија повторно доминира на модната сцена

Прекрасна креација која и’ прилега на сечија фигура

По добиените критики дека облекла чаршав, Меланија Трамп повторно ја воодушеви јавноста со нејзиниот моден стил

Американскиот претседателски пар во последно време често ги поминува викендите во клубот за голф на Трамп, а при враќањето во Белата куќа, првата дама Меланија се појавила во уште едно беспрекорно издание.

Атрактивната Словенка се прошетала во бел кошула-фустан украсен со живописни мотиви на птица кој го потпишува лондонскиот бренд Ердем.

Меланија ја нагласила елегантната креација со миди должина и три-четврт ракави со портокалов лакиран ремен кој совршено одговарал на стилето чевлите со змиски принт – дело на Маноло Бланик.

Инаку, најавено е дека Меланија во придружба на сопругот овој месец ќе ја започне четиридневната посета на Обединетото Кралство каде што ќе има прилика да се сретне со 92-годишната кралица Елизабета во дворецот Виндзор.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време