Март во „Убавина и здравје“

Никогаш да не заборавиме колкава сила се крие во крхката женска снага... 

Да се разбудиме и расцутиме, расчистиме по дома и низ животот, да ги напуштиме старите шаблони кои се одговорни за тоа да бидеме на место кое не ни се допаѓа!

Овој број ја славиме силата на жената инспирирани од приказните на четирите наши соговорнички од регионот, кои ја отворија својата душа да не’ утешат и охрабрат, но и покажат неисцрпната сила во борбата која мораат или морале да ја водат.

„Морам да признаам дека болеста навистина ги менува луѓето, некои стануваат похрабри, некои пропаѓаат во депресија, а некои стануваат помудри и им се шири полето на мeнталната свест, па сфаќаат дека сите физички препреки се ментални и дека СЀ Е МОЖНО, сѐ што срцето ќе посака, а умот ќе помисли!“

Ни порача Јована Огненовска Бакаловска, психотерапевтка која е најдобриот пример за споменатата неисцрпна сила. А, дипломиран психолог е и нашата ѕвезда од насловната, Натали Портман. Помалку познат факт за големата холивудска ѕвезда, но и посветена активистка за правата на жените во борбата против нееднаквоста и сексуалниот терор.

Всушност, сите тие се во нашиот фокус – холивудските актерки што предизвикаа револуција, и отворено се спротивтавија на уцените и предрасудите!

Тивка и спокојна, но женска сила со полн интензитет и одлучност ни покажа и ТААнашето ново засилување, млада новинарка, која ќе ги прошири нашите аспекти и ќе даде свој придонес во креирањето на приказните на вашиот омилен магазин. Запознајте ја мојата заменик уредничка, –Марија Лукаревска.

Покрај сите содржини поврзани со темата на бројот, не пропуштивме да ви ги обезбедиме и сите актуелни трендови и жешки новитети. Идеи за шминка, нега, мода…

Висока мода и гламурот на „Емили ексклузив дизајн“ не инспирира за нашата оригинална модна приказна, која ја нарековме „Круна на женственоста“.

ФОТО: Александар Велов МОДЕЛ: Симона Станковска, студио „Црнокрак“
ЛОКАЦИЈА: Манастир Св. Леонтиј

Човек не знае колку е силен сѐ додека не биде ставен на тест. Камо среќа да не мора да го докажува тоа. Без претерување, тоа беше и сѐ уште е мојата најтешка животна битка. Можеби звучи банално, но за мене беше голем пораз, бидејќи она што беше моја привилегија, прекуноќ се престори во хендикеп.

Ни откри Сани, на која и’ се случи фрактура на бутната коска, но таа од целиот долг и макотрпен процес на рехабилитација, излезе посилна, поелегантна, поубава… Не случајно разговорот за нега и убавина го водевме со неа токму во изданието посветено на силата на жената.

Доволно простор за неисцрпната тема врски?

Прашавме наши новинари – кој треба да плати на првиот состанок? Од женски и машки агол, дали е кавалерски, дали е задолжително, дали е надминато „парвилото“ да плати ТОЈ?!

Уште и за вљубувањето – постојат луѓе на кои воопшто не им е познато или кои го доживеале само еднаш и никогаш повеќе… Исто како и љубовта, заљубеноста е комплексен феномен, а во расветлување на специфичните случаи ни помогна психотерапевт

Ако сте изложенаи на постојан стрес и под притисок поради огромниот број обврски, научете да уживате на кубански начин. Нина Кепеска, ни ги откри сите детали од нејзиното патување на Куба или авантура во сопствена режија. Корисни совети, сознанија, но и фантастична раскажувачка уметност која ќе направи да се чувствувате како да сте дел од ова нејзино патување.

Ексклузивно интервју со вечниот миленик на женската публика – нашата новинарка, Марија Шариќ, зборуваше за ќерките, љубовта, среќата со Здравко Чолиќ. 

  • Уште и рецепти за оригинални мексикански такос и коктели;
  • пролетно освежување на домот;
  • разговор со Вера Калин;
  • иднината на филмот се жените..

А во секој примерок на „Убавина и здравје“ изненадување од „Подравка“ – рум или лимон шеќер за додавање на вкус и арома на вашето кафе или чај.

Ваша Ј,

#онаштонависитнаеважно

Јована Стојменовиќ

главна и одговорна уредничка

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време