Април во „Убавина и здравје“

#онаштонавистинаеважно

Пролетта и Велигден ни донесоа, олеснување, ослободување… не’ потсетија на убавината на малите нешта, а зарем е малку тоа што не мораме да носиме повеќе дебели јакни или не мораме да брзаме по мразот да се засолниме од студот… Зарем е малку човек да е слободен и да не МОРА да прави нешто? Во таква атмосфера мотивирани од убавината околу нас ја создадовме новата, априлска „Убавина“, а во секој примерок покрај редовните совети за убавина и нега, новитети и трендови, во овој број во соработка со Vichy, обезбедивме мало пакување на Aqualia Thermal Dynamic Hydration, за да ја пробате моќната динамична хидратација.

А кога сме кај убавината, иако ние сме секогаш кај неа :), во „Орифлеим“ веруваат дека секоја жена е убава во секоја своја улога и сакаат да ги поддржат жените да се чувствуваат добро во својата кожа во секој момент и секаде. Оттаму идејата за кампањата „Убава на свој начин“, а за амбасадорка на убавината во кампањата ја одбраа поп-пејачката која ја краси нашата насловна страница, Викторија Лоба.

А во рамките на темите на бројот, се прашуваме – има ли разлика помеѓу машките и женските одлуки да се стапи во брак? Не би требало, но ако традицијата наложува ТОЈ да ја побара за жена својата сакана, нашите фраери од соседството ни кажаа што ги или би ги навело на таков чекор… Дали тие се женат кога им е време или кога ќе ја пронајдат вистинската?

А кога ќе дојде до тој „толку посакуван“ брак, дали и што треба да се промени во нас, на нас, во односот со партнерот, во односите со околината? Заменик-уредничката на „Убавина и здравје“ размислуваше на оваа тема…

Зборот „романтика“ добива сосема нова дефиниција. Има ли нешто поромантично од тоа кога ќе се вратите дома изморени од работа и ќе видите дека садовите се измиени?

А со единствениот принц на македонската музичка сцена зборувавме за неговиот оригинален стил, за музика, за креативноста, за семејство, односно за љубовта.

„Јас уште во првата секунда знаев дека Розе ќе ми биде жена, во првата минута ѝ ја почувствував енергијата. Со поглед ѝ кажав сѐ. Подоцна ми кажа дека ми го фатила погледот во таа секунда и ме разбрала. За другите не знам.“

Априлската модна приказна на нашиот фотограф Александар Велов и Магдалена Медичи, модна уредничка на „Убавина и здравје“ ви го открива кралството на новите трендови, богати интересни принтови, ведри бои на пролетта и комбинирани стилови на лесните парчиња.

 

Овој април испробајте тридневен детокс план според препораките на нашата стручна соработничка, нутриционистката Цвета Динева – Цеце.

Планетата е во опасност, С.О.С – заштитете се од загадувачите околу вас, употребувајте природни материјали и не заборавајте дека рајските места постојат и на земјата – се темите со кои оддаваме чест на Денот на планетата Земја пред нас.

Исповедите се редовна содржина ва страниците на „Убавина и здравје“, токму поради нив знаете дека не сте сами со својата борба, со својата болка. За априлското издание ви откривме – Како да му кажете дека имате сексуално пренослива инфекција…

Во животот не се случајни нашите прпелкања, нашите борби… Не’ прават посилни!

И во април, „Убавина“ нека биде вашата поддршка и инспирација да надминете, да победите, да расцутите, да полетате!

Ваша Ј,

уредничка на „Убавина и здравје“

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време