Ана Кокиќ: „Едната страна може да биде подготвена на сè, но тоа ништо не вреди доколку и другата не е еднакво ангажирана.“

Пејачката откри дека нејзиниот брак не е идеален, но не е ни за „фрлање“

Ана Кокиќ (35) неодамна ја одбележа 10-годишнината од бракот со ватерполистот Никола Раѓен (33), со кого ги има ќеркичките Нина (9) и Теа (8). Годишнината ја одбележаа во Москва, каде што ватерполистот работи веќе една година, така што нивното семејство живее на две адреси. Поп-пејачката призна дека нејзиниот брак е далеку од совршен, но и далеку од развод, демантирајќи ги на тој начин спекулациите дека таа и Никола повеќе не живеат во љубов.

Никола не е љубоморен и никогаш ми се нема мешано во мојата работа. Атрактивен изглед со мала доза на провокација е посакуван на сцената и, за среќа, тој одлично го разбира тоа“, го пофали Ана сопругот, и откри за што најчесто не се согласува со него:

Кога ќе научите дека луѓе се различни, несогласувањата ги доживувате како нешто сосема нормално, а не како трагедија. Не се лутите што другата страна не мисли како вас и не се трудите да го наметнете своето мислење. Јас не сакам да се карам и секогаш ги решавам проблемите на мирен начин. Сепак, ако расправијата е неизбежна, а јас претерам во своето излагање, умеам да ја признам грешката“, искрена беше Кокиќ, откривајќи на што е подготвена за да го зачува бракот.

 

View this post on Instagram

 

Moskva ❤ #redsquare #moscow #russia #love

A post shared by Ana Kokic (@anakokicmusic) on

За брак се потребни двајца. Едната страна може да биде подготвена на се’, но тоа ништо не вреди доколку и другата страна не е еднакво ангажирана.“

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време