Деталите се сè: Пет идеи за комплетна промена на вашиот дом

Целиот наш живот се врти околу просторот во кој живееме и затоа е исклучително важно истиот е да е пријатен и убав.

Со доаѓањето на новата сезона, добиваме и нови инспирации, па затоа сакаме да внесеме некои промени во домот. Ефектната промена е секако освежување на ѕидовите со веќе постоечка или некоја нова боја, а видливата разлика ја прават и деталите како ламба, слика, нови завеси, полица или зеленило.

Така, и оваа сезона нè чека мноштво нови, но и некои стари трендови кои не се менуваат:

1. Топлите нијанси на розовата боја и оваа година се популарни. Комбинирајте ги со неутрални тонови на сива и беж боја.

2. Завесите во два реда му даваат доза на луксуз на секој простор.

3. Одлучете се за собни билки, наместо класичните цвеќиња. Внесете свежина во било која просторија.

4. Освен што имаат задача да го осветлуваат просторот, ламбите исто така создаваат и пријатна атмосфера.

5. Изберете нијанса која ќе доминира во просторијата и нагласете ја со златни или сребрени детали.


Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време