Турски кифли: Меки како памук, совршени и превкусни!

Најмекото тесто

Овие кифли ќе останат меки и повеќе од три дена

Состојки:
  • 50 мл + една лажица млеко
  • 2 рамни лажици шеќер
  • 10 г сув квасец
  • 2 цели јајца
  • 100 г маргарин или путер
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица оцет
  • 5 г прашок за печиво
  • 900 г меко брашно
Приготвување:
  • Загрејте го млекото, стопете го путерот и раздвојте ги јајцата. Две белки и една жолчка одат во тестото, а преостанатата жолчка оставете ја за премачкување.
  • Во топлото млеко ставете шеќер и квасец, па промешајте.
  • Додајте малку брашно, жолчката и белките, стопениот путер (оставете една лажица на страна), прашок за печиво и оцет, па повторно добро измешајте.
  • Додајте уште малку брашно и сол и добро промешајте.
  • Додајте го остатокот од брашното и замесете тесто. Тестото ќе биде меко и лепливо и ќе треба подолго да го месите, околу 10 минути.
  • Како што ќе го месите тестото, тоа ќе се соединува.
  • На половина од месењето, направете пауза да ги одморите рацете. Измијте ги и можете да ги намрсите малку.
  • Повторно премесете го тестото. Ако го премачкате со масло, нема толку да се лепи за раце, а треба да е лепливо.
  • Подигнете го тестото, додајте го одвоениот путер во чинијата, па спуштете го тестото.
  • Премесете го малку, свиткувајќи ги краевите на тестото кон навнатре.
  • Заоблете го, па покријте го со крпа или фолија и оставете го на топло место да отстои еден час, а може и подолго.
  • Нараснатото тесто извадете го од чинијата со намрсени раце.
  • Малку намрсете ја масата, па премесете го тестото малку.
  • Поделете го на 16 приближно исти делови.
  • Секој дел обликувајте го во топче, свиткувајќи ги краевите кон нанадвор и малку потркалајте го на масата.
  • Во голем плех за печење ставете хартија за печење и премачкајте сукало со малку масло.
  • Земете едно топче, па со врвовите на прстите истанчете го малку, одејќи по него горе-долу.
  • Превртете го, па направете го истото.
  • Со сукалото одете од средината кон нагоре, па надолу, за да добиете форма на елипса.
  • Завиткајте 1 сантиметар од долниот дел и потапкајте го со прсти, па завиткајте цела кифла.
  • На крајот, развлечете го горниот дел за да биде правоаголен, па завршете со виткањето.
  • Наредете ги во плех и покријте ги со фолија, па оставете ги околу 30 минути да отстојат.
  • Потоа, вклучете ја рерната на 200 степени Целзиусови да се загрее и оставете ги кифлите да стојат уште толку време.
  • За да го забрзате процесот, загрејте ја рерната помеѓу 30 и 40 степени Целзиусови, па покриените кифли ставете ги во рерна со сосема малку отворена врата од рерната.
  • Печете ги кифлите околу 20 минути додека заруменат убаво.
  • Печените кифли покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат 10 минути.
Вкусни кифлички со безброј филови: Универзално тесто што расте како лудо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.