Предјадење за паметење: Ролат од палачинки

Вкусно!

Ќе ви требаат само 40 минути за да ги приготвите палачинките на овој начин

Состојки:

За палачинките:

  • 2 јајца
  • 200 г пченкарно брашно
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 50 мл млеко
  • 250 мл вода
  • прстофат сол
  • масло

За филот:

  • 250 г крем-сирење
  • 250 г шунка
  • 250 г овчо сирење
  • 100 мл кечап
  • оригано

Приготвување:

1. За приготвување на смесата за палачинките – се матат јајцата со млеко и со 250 мл вода, се додаваат пченкарното брашно, шеќерот и солта, па добро се мати со жица за матење. Ако е смесата премногу густа, се долева уште малку вода за да не бидат дебели палачинките.

2. Во тавче се загрева масло, па со лажица се разлева во него од смесата за палачинки (секојпат пред разлевањето семсата се промешува) и се пече од двете страни, додека порумени. На истиот начин се печат шест палачинки.

3. На работната  масичка се става поголемо парче фолија, па преку неа се распоредуваат палачинките една до друга, така што на краевите ќе се преклопуваат.

4. Подлогата од палачинки се премачкува со крем-сирење и се израмнува со шпакла. Се посипуваат изренданата шунка. овчото сирење и ориганото, па се попрскува со малку кечап.

5. Ролатот цврсто се мота и се витка во фолијата, па се остава во фрижидер да се стегне. Утреденте се сече на парчиња и се послужува.

Пронајдете уште вакви рецепти во најновиот број на магазинот  „Добра храна“!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.