Предјадење за паметење: Пробајте кифлички со џимиринки!

Вкусно печиво

Кифлички што се топат во уста

Состојки:
  • 500 – 550 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 30 г свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 100 мл млеко
  • 150 мл кефир
  • 1 јајце
  • 3 лажици масло
  • 250 г домашни џимиринки
  • 1 лажиче сол

Други состојки:

  • 1 јајце
  • сусам

Приготвување:

1. Во длабок сад се мешаат млакото млеко, издробениот квасец, по едно лажиче шеќер и екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“. Добро се меша и се покрива со крпа, па се остава на топло место, да нарасне.

2. Во сад се меша половина од екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ со малку сол. Се додаваат јајцето, маслото, кефирот и квасецот и се меша. Постепено се додава преостанатото екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“ и се меси со рака, додека се добие мазно тесто. Замесеното тесто се остава на топло место, да нарасне.

3. Филот се приготвува посебно. Џимиринките се ставаат во електричен сечко и се сечкаат да се добие еднолична смеса, погодна за премачкување на тестото.

4. Тестото се сука со сукало во правоаголна кора, со дебелина од 5 мм. Се премачкува со мелените џимиринки, а потоа тестото се витка во ролат. Ролатот се сече на парчиња со дебелина од 3 см.

5. Плехот се обложува со хартија за печење и во него се ставаат обликуваните ролнички, така што ќе стојат вертикално. Се премачкуваат со изматено јајце и се посипуваат со сусам. Се печат во загреана рерна на 200°Ц, додека зарумени тестото.

Извор: Добра храна

Најмеките кифлички на светот: Домашно тесто што ќе исчезне за миг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.