Најубавите еспадрили што би требало да ги купите сега (ФОТО)
Ги сакаме и ги поистоветуваме со лежерни летни денови
Летото пристигна, што значи дека пристигна ерата на еспадрилите: совршен стил на чевли за јуни, јули и август од стотици причини.
Удобни се дури и кога се високи и може да се носат за време на викендот и во канцеларија. Тие се лежерни, но во комбинација со соодветна облека, може да се носат во поформални пригоди, што значи дека ви треба само еден пар чевли за идните летни денови.
Одлично се вклопуваат со фармерки со висок струк (но никој нема да ви забрани да ги носите со тексас-шорцеви и здолништа, а ќе изгледаат совршено во комбинација со лелеав летен фустан со миди должина.
View this post on Instagram
Девојките ги обожаваат, особено Французинките, кои не можат да ги замислат летните денови без удобен пар еспадрили.
Фото: Инстаграм, Getty Images