Овој модел на сандали изгледа одлично со секоја модна комбинација: Тренд кој се исплати! (ФОТО)

Минималистичките модели се најубави

Ние многу добро знаеме дека најлесно е да се нагласи потемнетиот тен со бела боја, а оваа сезона белите сандали се едни од најбараните.

Ова се претежно минималистички модели кои не само што ја нагласуваат бронзената боја на кожата, туку се и благодарни бидејќи се вклопуваат со сè што носите.

Без разлика дали преферирате практични влечки, поелегантен модел со потпетица или сандали со ременчиња, нема да погрешите доколку ги побарате во бело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by COVET SHOES (@covetshoes)

Тие се вредна инвестиција затоа што ќе ги носите со сè што имате во плакарот од лето до лето, а сега е идеална можност да го „уловите“ моделот за кој сонувате бидејќи во тек се големи летни попусти.

Прочитајте и: Кери Бредшо се откажа од Маноло Бланик и сега ги носи овие чевли

 

ФОТО: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.