Најмеките кифлички на светот: Домашно тесто што ќе исчезне за миг!

Божествени се!

Ова е совршен рецепт за кифлички кои ќе ги обожава целото ваше семејство

Состојки:
  • 1,1 кг брашно
  • 500 мл млеко
  • 300 мл масло
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 50 г свеж квасец
  • 1 јајце (за премачкување)
  • сусам за посипување
  • 1 маргарин
Приготвување:
  • Во млако млеко ставете квасец, прстофат сол и шеќер и оставете го да нарасне.
  • Во подлабок сад соединете масло, јајца, шеќер и сол, а потоа додајте го и млекото со нараснатиот квасец.
  • Додајте брашно и замесете тесто, па оставете го 30 минути на топло место да стаса.
  • Стасаното тесто поделете го на три дела, па секој дел посебно расукајте го со сукало во круг со пречник од 45 см.
  • Со нож пресечете го кругот на 12 делови или на 16 ако сакате помали кифлички.
  • Стопете 50 г маргарин и со помош на четкичка премачкајте го секој триаголник, а потоа завиткајте кифлички.
  • Наредете ги на плех, на којшто претходно сте изрендале маргарин (околу 75 г) и оставете ги уште 30 минути на топло место.
  • Кифличките премачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со сусам.
  • По желба, на секоја кифличка можете да додадете и мало парче маргарин.
  • Печете ги кифличките во загреана рерна на 200 степени Целзиусови 18-20 минути.
Универзално тесто за кифлички: Солени или слатки, изборот е ваш!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.