Пастрмајлија за 4 лица

Вкусен појадок

Во филот може да додадете и коцки сирење, домат, пиперка и др.

Состојки:

400 г брашно од спелта

1 рамна лажичка сол

1 лажичка

прашок за печиво

1 лажица маст

200 мл вода

За фил:

400 г свинско месо од бут

1 лажичка мелена пиперка

прстофат чили-снегулки

црн пипер

сол

масло

магдонос

Приготвување:

Исечете го месото на коцкички, зачинете по вкус и оставете во ладилник за време на ноќта.

Соединете ги брашното, солта, прашокот за печиво, маста и водата, па замесете мазно тесто. Поделете го на 4 еднакви дела, оставете го да одмора 10-тина минути, па секој дел истенчете го, повеќе по должина одошто по ширина.

Издигнете ги малку рабовите на тестото за да не истекува филот за време на печењето.

Валајте ги коцките месо во чили-снегулки и во мелен пипер, ставете ги на средина на тестото и попрскајте со малку масло. Печете во загреана рерна на 200 степени, 30-40 минути. Пред сервирање, наросете со сечкан магдонос.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.