Го викаат „лудо“ тесто, бидејќи секому му успева: Можете да го користите дури 7 дена и да правите секакви печива!

Многу едноставно се приготвува

Тестото за сите видови печива кое трае 7 дена ќе ги воодушеви сите домаќинки што не сакаат да поминуваат многу време во кујна

Секој што го испробал рецептот за „лудото тесто“ се воодушевува. Сите состојки веројатно веќе ги имате дома, а постапката за приготвување е многу едноставна. Освен тоа, трае една недела и можете да правите разни десерти и солени печива од него.

Состојки:
  • 1 кг брашо
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажица сол
  • 1 дл масло
  • 4 дл јогурт
  • 2,5 дл млеко
  • 1 свежа коцка квасец
  • 2 супени лажици шеќер
  • 2 јајца
Приготвување:

Во топло млеко сипете малку шеќер, квасец и 2 лажици брашно. Промешајте за да се стопи шеќерот и побрзо да нарасне квасецот. Пожелно е да биде топло во просторијата за да се постигне посакуваната реакција побрзо.

Во друг сад измешајте ги преостанатите состојки. Кога квасецот ќе нарасне доволно, сипете го во средина на брашното. Замесете мазно тесто. Ако се лепи, додајте уште малку брашно.

Потоа, ставете го тестото во кеса, која претходно сте ја намрсиле или набрашниле малку, за да не ви се залепи. Многу е важно да го истиснете сиот воздух од кесата, а потоа ставете го тестото во фрижидер, каде што можете да го чувате цели 7 дена!

Кога ќе сакате да приготвите нешто од него, извадете го некое време претходно на топло место за да нарасне, барем еден час, а што подолго, тоа подобро.

Од ова тесто можете да правите што сакате: кифлички, подлога за пица, лепчиња и слично.

Тајна состојка, златен совет: Поради ова тестото секој пат ќе ви расте како лудо!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.