Јелена Карлеуша е заколната веганка, а еве како приготвуваше бифтек (ВИДЕО)

Рецепт за бифтек со шампињони

Исхраната на Јелена Карлеуша одамна е сменета. Поради здравствени, етички и морални убедувања престана да јаде намирници од животинско потекло и да купува облека од кожа и крзно.

Меѓутоа, на почетокот на кариерата, Јелена беше многу млада и се хранеше сосема поинаку. Таа секојдневно консумираше храна од животинско потекло, која често и сама ја приготвуваше, а доказ за тоа е видео на YouTube, настанато кога за ТВ Пинк во својот дом приготви бифтек со шампињони.

Потребни состојки:
– 4 телешки стекови без маснотии
– помало пакување путер
– средна чаша бело вино
– три лажици мешан сув зачин
– неколку чешниња лук
– 400 г печурки
– кисела павлака

Приготвување:
Во тавата ставете половина путер или масло. Додајте исчистен и сечкан лук, врз кој ќе ги поставите шницлите зачинети со мешан зачин. Доколку се големи за тавата, пресечете ги на половина пред да ги ставите на оган. Тавата со телешкото месо се става на рингла и се пржи поклопено 20 минути. Во меѓувреме, додајте го виното, па повторно поклопете.

Додека месото се крчка, издинстајте ги печурките. Измијте ги, зачинете ги со мешан сув зачин, истурете ги во мала тава со остатокот од путерот и пропржете ги. Кон крајот се додава павлаката и се остава на оган уште неколку минути.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.