Карлеуша за Тоше: „Некои работи не ви открив, нека останат тајна“

Го сакала, но не му била на погреб

Овој октомври се навршија 16 години од трагичната смрт на нашиот славеј Тошет Проески. Многубројни колеги му оддадоа почит на пејачот чија популарност не се намалува со текот на времето, напротив, а некои се потсетија на нивната соработка и средба со него. Со него се дружеше и Јелена Карлеуша.

Имено, Јелена Карлеуша откри дека таа и Тоше Проески имале посебен однос.

Кога бевме многу млади, бевме неразделни. Тој имаше само 18 години, а јас бев две-три години постара. Двајцата снимивме албуми во Атина и тоа траеше со месеци, со познатиот грчки композитор Фивос. Секој ден, освен во недела, одевме заедно во студио. Бидејќи бев единствената со возачка дозвола, секој ден ми изгледаше исто: станував, појадував, го земав Тоше во центарот на Глифада каде што имавме станови и возев со малиот опел кон центарот на Атина низ сообраќајниот метеж – се присети поп-пејачката.

Патувањето во просек траеше по еден час, а тој постојано пееше во автомобилот. Натаму и назад. Секој ден. Пееше и во студиото, на паузите за ручек, додека одеше во тоалетот, пееше и пееше… Дури и Фивос на шега рече дека кога ќе излезе од студиото по нас, нема сила да слушне ниту еден тон музика повеќе.

Фото: Дејан Милиќевиќ

Насмеан до тој степен што изморуваше со својата веселост, бидејќи не може некој нон-стоп да биде толку среќен и весел. Хиперактивен, полн со енергија, полн со желба… Ако треба да го опишам со еден збор, тоа би било среќа. Беше среќен. Каков што може да биде само 18-годишник. Такво пеење и таков талент не сум слушнала. Таква боја, техника, емоција, енергија. Верувајте кога ќе ви кажам дека како пејач кој е на естрадата три децении, тој беше вонземска приказна. Премногу совршен за оваа планета.

Јелена откри дека сега веќе покојната Марина Туцаковиќ ѝ ја соопштила веста за смртта на Тоше. И таа помина многу време со нив во Атина и знаеше дека мора да внимава како ќе ѝ ја соопшти тажната вест.

Знаеш, не му бев на погреб. Немав сила и немаше да можам да ги гледам оние естрадни фолиранти кои се фрлаа врз ковчегот заради некои поени, а не го ни познаваа. Знаете кој сѐ се фрлаше и правеше драма. Луѓето кои најмногу го сакаа и најдобро го познаваа, освен неговото семејство, немаа сили да дојдат. Инаку, Тоше е роден на ист ден со мајка ми Дивна, 25 јануари. Ете… Некои работи ви немам раскажано, нека останат тајна.

Фото: Инстаграм, Дејан Милиќевиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.