Baby Center ви подава рака за сите ваши почетоци: Нова ексклузивна продавница за деца од 0-14 години!

Ново во Македонија!

Во октомврискиот број на магазинот „Убавина и здравје“, ќе најдете купон од -15% кој се однесува на сите FreeOn колички и кој ќе можете да го искористите во нивниот продажен салон или на нивната веб-продавница до 15.11.2021

Родителите отсега па натаму ќе можат да најдат се’ што им е потребно за нивните најмили во новата ексклузивна продавница за деца од 0-14 години Baby Center! Нивната цел е да ги поттикнат потенцијалите и да го охрабрат креативниот и здрав развој на децата. Обезбедуваат целосни услуги, нудат одлични совети и сеопфатен избор на квалитетни и безбедни производи со желба да овозможат среќно, безбедно и разиграно детство. Во продолжение прочитајте ја нивната приказна…

Приказна за Baby Center

„Речиси три децении постоиме како една нераскинлива врска помеѓу светот на децата и оној свет што го гледаат родителите. Секогаш сакаме  нашите деца да се среќни и разиграни. Се трудиме да им помогнеме на родителите да им ја овозможат таа среќа и радост. Довербата од нашите купувачи секогаш не мотивира да бидеме уште подобри. Времето се менува, а со времето се менуваме и ние.

Нашата нова приказна започна во 2016 со обновениот разигран лик на најголемиот продажен центар во Љубљана. Потоа ние ја пренесовме таа разиграност во останатите наши продавници и истовремено отворавме нови и се проширивме во другите делови на Словенија, Хрватска, а од ова лето и во Македонија.

Ние сме свесни дека почетоците не се лесни, но тие се важни и за децата и за родителите. Во Baby Center ние ги поздравуваме почетоците бидејќи знаеме дека со нив растеме, се развиваме и учиме.

Патот е полн со изненадувања, понекогаш среќен, понекогаш тежок, но и прекрасен. Некогаш стресно, а некогаш прекрасно и убаво. Тогаш ние сме најсреќни и најуморни. Секогаш ни треба друга рака, едно рамо и една насмевка, бидејќи не можеме да сториме сè сами. Ние сме другата рака што ќе Ве охрабри, води и поддржи. Раката што е тука за родителите , бебињата, децата и за сите почетоци.

Во Baby Center имаме голем избор на креативни и квалитетни производи за бебиња и деца до 14 години, како и родители, посветенa и ангажирана услуга која вклучува едукација и советување на родителите, со што тие би биле уште подобра поддршка за нивните деца.

Подајте ни рака и бидете дел од нашата приказна.

Baby Center – Рака за сите ваши почетоци.“

Во октомврискиот број на магазинот „Убавина и здравје“, ќе најдете купон од -15% кој се однесува на сите FreeOn колички и кој ќе можете да го искористите до 15.11.2021 во нивниот продажен салон (ул. Лондонска 4а – БИСИ комплекс) или на нивната веб-продавница www.babycenter.mk

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.