Однадвор крцкави, однатре меки: Пробајте ги овие штрудли со шунка!

Совршенство од вкусови!

Наместо со сусам, штрудлите можете да ги посипете со ким

Состојки:
  • 500 г тенки кори за пита
  • 3 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл масло
  • 1 прашок за печиво
  • 500 г урда
  • 250 г домашна шунка
  • сусам
  • сол
Приготвување:

1. Во подлабок сад измешајте ги јајцата, јогуртот, маслото, прашокот за печиво и малку сол. Сите состојки добро промешајте ги.

2. Од пакетот издвојте четири кори за пита, па првите три премачкајте ги со приготвената смеса од јогурт и наредете ги една преку друга. Прекријте со четвртата кора, но неа не премачкувајте ја. Не е страшно ако ви пукне кората, пукнатината можете да ја пополните со другата кора.

3. На долниот дел на четвртата кора ставете третина од урдата, одозгора посипете со исечканата шунка и цврсто замотајте ја. На истиот начин од преостанатиот материјал обликувајте уште две штрудли.

4. Исечете ги штрудлите на помали парчиња и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги со преливот од јогурт и посипете со сусам. Печете ги во рерна загреана на 200 степени Целзиусови додека поруменат.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.