Имагинативен специјалитет: Полнети пилешки крокети

Превкусен ручек!

Јадењата може да изгледаат интересно ако ги приготвите на малку поинаков начин од вообичаено

Состојки:
  • 500 г пилешко бело месо
  • 200 г моцарела
  • 150 г екстра брашно
  • 2 јајца
  • 200 г лебни трошки
  • 1 лажица оригано
  • морска сол
  • црн пипер
  • масло
Приготвување:

1. Сомелете го пилешкото бело месо на машина за мелење, посолете го и запиперете го.

2. Од зачинетото месо обликувајте 16 крукчиња.

3. Исечете ја моцарелата на 16 коцки, па во секое крукче втиснете по една коцка и обложете ја со месо.

4. Полнетите топчиња валајте ги во брашно, потоа во изматени јајца и на крајот во мешавина од лебни трошки и оригано.

5. Пржете ги панираните топчиња во длабока маснотија додека поруменат од сите страни. Вадете ги на хартиена салфетка, за да се исцеди маснотијата. По желба послужете ги со доматен сос.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.