Мокри кифлички со кори за пита: Ова божествено тесто е рај за непцата!

Мора да ги пробате!

Пригответе супер печиво за сите пригоди

Состојки:
  • 500 г кори за пита
  • 300 г сирење
  • 125 г маргарин
  • 200 мл млака вода
  • 50 г сусам
  • малку млеко
Приготвување:
  • Стопете го маргаринот и со него попрскајте по три кори, па наредете ги една врз друга.
  • Поставете ја четвртата кора.
  • Повторувајте ја постапката додека се потрошат сите кори (по 4 парчиња).
  • Приготвените кори пресечете ги на половина по должина, па секоја половина на уште половина, па секоја четвртина дијагонално.
  • Потоа, на поширокиот крај на секој дел ставете малку сирење и завиткајте го како кифличка.
  • Приготвените кифлички редете ги на чинија, па прелејте ги со 200 мл млака вода.
  • Пред печење премачкајте ги кифличките со млеко и посипете ги со препечен сусам, префрлете ги во подмачкан плех и оставете ги да отстојат околу 20 минути.
  • Печете ги во загреана рерна на 220 степени Целзиусови околу 20 минути.
Најмеките кифлички на светот: Домашно тесто што ќе исчезне за миг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.