Шерон Стоун (63) повторно го запали Интернетот: Се фотографира во костим за капење и докажа зошто ја сметаат за божица!
Неверојатна жена
Актерката Шерон Стоун има 63 години, но убаво ги носи годините
Во едноделен костим за капење покрај базен се фотографирала на лежалка и ја покажала својата вита линија. Друштво ѝ правело нејзиното куче Џо.
„Изгледаш спектакуларно“, „Неверојатна жена“, „Божица“, ѝ ласкале следбениците и ѝ подариле повеќе од 84.000 лајкови.
View this post on Instagram
Кога ја прашале за тајната за нејзиниот изглед, Шерон Стоун изјавила:
„Користам добри кремови за кожа и се трудам да не заборавам да ги избричам нозете. Сакам да се занимавам со спорт и мислам дека тоа е клучот за здравјето. Постојано танцувам. Вежбам јога, пилатес, си играм со децата, јавам коњи, често одам на плажа – правам сè што треба само за да се раздвижам.“
Славната актерка е горда мајка на тројца посвоени синови: Рон (20), Лерд (15) и Квин (14).