Познат руски астролог предвидува: Овие 3 хороскопски знаци во мај ќе ја запознаат својата сродна душа!

Астро-прогноза

Мај ќе биде во знакот на љубовта, романтиката и интересните средби

Рускиот астролог Галина Јанко дала љубовна прогноза за мај. Според нејзините предвидувања, три хороскопски знаци може да очекуваат големи промени на љубовен план, интересни средби и познанства. Постојат големи шанси да ја запознаат и својата сродна душа. Еве и за кого станува збор…

Близнаци

Животот што го посакувате ви е на дофат на рака. Во меѓувреме, треба да ги средите вашите мисли и да се фокусирате за да ви се остварат соништата. Ѕвездите ви порачуваат да се ослободите од товарот на минатото. Ако дозволите носталгијата за некои дамнешни времиња и љубови да ве спречи да продолжите со животот, ќе ја изгубите секоја шанса за нова романса, која речиси е извесна овој месец. Не дозволувајте да ја пропуштите љубовта на вашиот живот, само поради убави сеќавања.

Терезија

Положбата на планетите во знакот Терезија ќе биде исклучително романтична и овој аспект ќе трае прилично долго, па се препорачува да го искористите овој период и да си ги отворите срцето и душата за нови луѓе и да се подготвите за чуда. Возможно е не само да запознаете нова личност, туку и да им се вратите на некои недовршени љубовни приказни од минатото, под услов тоа и самите да го посакувате. Ѕвездите овој месец ви се многу наклонети.

Скорпија

Влегувате во период на радост, изобилие и просперитет, а ќе блескате и на приватен план. Имате големи шанси да ја запознаете љубовта на вашиот живот и можеби дури и веднаш да започнете сериозна врска. Многу е важно да останете отворени кон другите. Слободно изразете ги вашите чувства и ќе видите колку тоа ќе ви ги турне работите во вистинска насока. Комуникацијата со другите ќе биде одлична, а особено ќе бидете успешни во односите со нови луѓе.

Ви ја откриваме најатрактивната особина на вашиот хороскопски знак
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.