Меки и сочни: Пробајте ги овие солени палачинки со шунка

Вкусно предјадење!

Смесата за палачинки налејте ја во тенок слој во тавче за да биде тестото еластично

Состојки:
  • 2 јајца
  • 250 мл млака вода
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 лажица исечкан свеж лист од целер
  • 100 г шунка
  • прстофат сол
  • 1 прашок за печиво
  • 2 чаши од 200 мл брашно
  • масло
Приготвување:

1. Во сад измешајте јајца, вода, млеко, масло, кисела павлака, сол, прашок за печиво и брашно. Добро измешајте со лажица за да не останат грутки.

2. Додајте ги исечканиот лист од целер и ситно сечканата шунка. Оставете ја смесата да мирува 15 минути.

3. Во тавче со пречник од 18 сантиметри загрејте малку масло, па во него налејте помала лажица од смесата за палачинките. Печете додека зарумени од долната страна, па потоа превртете ја наопаку и продолжете да ја печете другата страна.

4. Откако печените палачинки ќе се оладат, послужете ги со кисело млеко или јогурт.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.