Фантастична комбинација на вкусови: Најсочното пилешко месо со шунка
Ќе барате репете!
Одлична идеја за денешниот ручек
Состојки:
- 2 помали пилешки гради
- 150 г домашна шунка
- 100 г домати чери
- 1 мала главица кромид
- 1 црвена пиперка
- 2 чешниња лук
- 250 г домати пелати
- оригано
- 200 г кашкавал
- 600 г бел компир
- црн пипер
- масло
- сол
Приготвување:
1. Пресечете го пилешкото бело месо наполу.
2. Секоја половина засечете ја попречно, малку накосо, на растојание на секој 1,5 см.
3. Надолжно пресечете ги наполу чери доматите, а потоа половинките исечете ги на попречни резанки со дебелина од 5 мм. Домашната шунка исечете ја на помали листови.
4. Во засеците од месото втиснете шунка и домат.
5. Посебно пригответе го преливот. Исчистете го кромидот и исечете го на коцки, па пропржете го на малку масло. Додајте ги исечканата пиперка и пасираниот лук, па пржете додека омекне зеленчукот. Додајте ги сомелените пелат-домати и ориганото, па варете на средна температура додека се редуцира течноста. Зачинете по желба.
6. Обложете го плехот со хартија за печење и попрскајте го со малку масло. Наредете го полнетото пилешко месо и прелејте го со доматниот сос. Околу него наредете ги резанките компир и печете во загреана рерна додека порумени.
7. Пред крајот на печењето посипете го пилешкото месо со кашкавал и вратете го во рерната да се запече.
Извор: Добра храна