Кејт Мидлтон дошла да го бодри Ѓоковиќ: Сите зборуваат за нејзината појава на Вимблдон!

Вистинска дама!

Војвотката од Кембриџ обожава тенис и со задоволство оди на Вимблдон

Војвотката од Кембриџ отишла да го гледа натпреварот меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер и тоа во придружба на сопругот, принцот Вилијам.

Кејт изгледала одлично во сино. Носела светло син фустан со средна должина од креаторката Емили Вискстед со виолетова панделка, а нозете носела беж сандали.

Косата ја пуштила слободно да паѓа преку рамената, а на лицето нанела минимална шминка.

На трибините на Вимблдон деновиве е присутен целиот џет-сет и иако нема официјални правила на облекување, сите дами се трудат да се дотераат што е можно повеќе. Војвотката е една од нив. Секое нејзино појавување е вистинско уживање за љубителите на модата кои внимателно следат што носи Кејт.

Ни овој пат не не’ разочарала!

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.