Еве како најдобро и најлесно да похувате тиквички: Воопшто не впиваат многу масло!
Одличен рецепт
Нема подобро предјадење или појадок од похувани тиквички
Состојки:
- 1 поголема тиквичка
- 2 јајца
- 2 лажици брашно
- 2 лажици презла
- масло
- сол
Приготвување:
Излупете ја тиквичката и исечете ја на потенки парчиња, па посолете ја. Оставете ја да отстои 30 минути, па исцедете ја течноста. Секој лист поминете го низ брашно, потоа низ јајца и на крајот низ презла. Пржете ги во масло и вадете ги на хартиена салвета.
Уживајте!