Проблеми во рајот: Изолацијата ја наруши семејната хармонија на Канје Вест и Ким Кардашијан

Не ѝ помага со децата

Фото: Getty Images

Канје Вест наводно не се грижел доволно за четирите деца. што ги има со Ким Кардашијан. Минатата недела Ким беше фотографирана во Малибу, а не се знае дали и Канје ѝ правел друштво.

Таа се обидува да биде добра мајка, се фокусира на факултетот и нејзината работа, и тешко е да го прави сето ова без помошта од Канје“, споделил еден извор.

Изворот додал и дека желбата за контрола на Канје ја тера Ким да мисли дека раперот се обидува да ѝ ги наметне своите ставови.

posle-glasinite-deka-i-treba-prostor-od-kanje-kim-proslavi-za-170-te-milioni-sledbenici-na-ig-03.jpg

И пред некое време имаше слични гласини, според кои на парот наводно му било тешко да се справи со заедничката изолација.

Канје навистина ја нервира Ким“, вели изворот, додавајќи дека парот премногу се расправал овој период.

Додека Канје бил зафатен со творење, Ким морала сама да се грижи за четирите деца и се чувствувала како да мора да ги завршува и неговите обврски.

Друг извор тврди дека Канје и Ким престојуваат во разни краеви од нивниот дом, поради проблемите во бракот.

Таа е фрустрирана од Канје и смета дека тој не помага во домашните обврски. Тие престојуваат во разни делови од куќата за да го задржат мирот“, вели изворот.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.