БОСАНСКА ПИТА: Не постои посочен појадок од овој, а се приготвува за миг

Сочна и вкусна

Ви предлагаме едноставен рецепт за босанската пита кљукуша која ќе ја обожавате

Босанската пита кљукуша е многу вкусна и мека, а идеален избор е за појадок. Начинот на приготвување е многу едноставен, па не се сомневаме дека често ќе ја правите.

Состојки:
  • 800 г компир
  • 100 г брашно
  • 200 г павлака
  • 3 јајца
  • 1 главица кромид
  • сол
  • бибер
  • масло
Приготвување:

Излупете го компирот, па изрендајте го со средното ренде. Посолете го изренданиот компир, па оставете го да се исцеди. За тоа време, исечкајте го кромидот на коцки.

Во подлабок сад, изматете ги јајцата со павлака, па додајте го исцедениот компир, кромидот и брашното. Добро промешајте ги сите состојки и додајте зачини. Подмачкајте плех или тепсија со масло, па сипете ја смесата и ставете ја во рерна да се пече околу половина час на 180 до 200 степени. Кљукушата е печена кога ќе добие рамномерна кафена боја од сите страни.

Оставете ја малку да се олади, а потоа исечете ја во посакуваната форма. Добар апетит!

Сочна пита со печурки и праз по проверено добар рецепт на искусни домаќинки: Омилениот дел од трпезата за посни слави!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.