Додека целиот свет ѝ се восхитувал, таа поминувала низ вистински пекол: Потресната животна приказна на фаталната Французинка!

Животна приказна

Две големи трагедии комплетно ѝ го промениле животот

Од мали нозе се знаело дека ќе се занимава со јавна професија, а штом се појавила на сцената, привлекла големо внимание и им станала миленичка на мажите, но и идол на жените ширум светот. Уште на првата аудиција на која се појавила, ја добила улогата по која и денес е препознатлива.

Софи Марсо е родена на 17 ноември, 1966 година. Се занимавала со манекенство, а по препорака на агентот, отишла на кастинг за филмот „Забава“, каде што го воодушевила режисерот Клод Пиното и веднаш ја добила улогата. Овој филм станал голем хит, а Софи само еден ден по премиерата станала голема ѕвезда. Нејзините стајлинзи и фризури од филмот веднаш биле копирани, а критичарите ја нарекле Софи Марсо идната хероина на францускиот филм.

Софи Марсо ја добила наградата „Цезар“ (француски еквивалент на „Оскар“, во категоријата „најдобро деби и најперспективна актерка“. Досега има одиграно повеќе од 50 улоги, а сликата на млада и симпатична девојка сè уште живее во сеќавањето на нејзините обожаватели.

Низ животот ја следеле скандали, но и големи трагедии. На само 18 години се вљубила и започнала врска со француско-полскиот режисер Анџеј Зулавски. Фактот што тој бил 24 години постар од неа предизвикал голема бура во медиумите. Меѓутоа, тоа не ги спречило да се венчаат и да уживаат во романсата цели 16 години. Во бракот добиле син, кој денес има 26 години.

Наводно, причината за нивниот развод биле неговата посесивност и агресивност, но останале во блиски односи поради синот Винсент.

Откако бракот бил завршен, Софи ѝ се посветила на режијата и постигнала голем успех.

Уште една шанса за љубов

По повеќе од 20 години, животот ја споил со продуцентот Џим Лемли, кого го запознала додека го снимала филмот „Ана Каренина“. Искрите пламнале и тие започнале романса. Од таа врска актерката ја добила ќерката Џулиет.

Меѓутоа, ни оваа врска не траела долго. Периодов актерката ужива во слободата што ѝ ја носат пишувањето и режирањето.

Две големи трагедии ѝ го обележале животот

Животот не бил нежен кон убавата актерка, а 2017 година била исклучително тешка за неа. Мајката на Софи со години се борела со рак на белите дробови, кој потоа се проширил и на мозокот, а актерката со месеци била покрај неа додека била во болница.

Меѓутоа, никој не знаел дека Софи минува низ тежок животен период – не ги откажала ангажманите, а пред колегите секогаш била ведра и насмеана.

Само неколку дена пред Божиќ, мајка ѝ починала, а тоа била втората загуба со којашто Софи се соочила во само неколку месеци. Имено, нејзиниот поранешен сопруг починал во февруари 2016 година.

Софи била скршена на погребот. И покрај нивните несогласувања кои резултирале со развод, тој бил и останал љубовта на нејзиниот живот. Пред да почине, Зулавски признал дека никогаш не го преболел разводот.

Еден маж ја оставил за помлада, друг починал, а таа нашла утеха во дрогата: Животната приказна на Линда Еванс!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.