Еден маж ја оставил за помлада, друг починал, а таа нашла утеха во дрогата: Животната приказна на Линда Еванс!

Неверојатно!

Веројатно не постои човек кој не се сеќава на добрата, прекрасна и нежна Крис Карингтон, која ја толкувала Линда Еванс во мегапопуларната серија за едно богато семејство

На оваа дама со леденосини очи и платинесторуса коса серијата ѝ донела неверојатна слава, но и пет номинации и еден освоен Златен глобус, а ѝ го обезбедила и епитетот најголема икона на поп-културата во 1980-те. Но приватно, таа преживувала бројни турбуленции.

„Династија“ уште на почетокот од емитувањето во 1981 година станала мамка за повеќе од 150 милиони гледачи, кои ја следеле ширум светот. Им ја отворила вратата на денешните сапуници и многумина сметаат дека ретко која успеала да бида толку добра како оваа на Еј-Би-Си.

Станува збор за серија која прва на малите екрани го вовела поимот луксуз, прва проговорила за хомосексуалноста и пластичните операции, а внимание привлекувала и поради интригантните приказни, раскошниот ентериер и атрактивните улоги. Меѓу главните актерки била и Линда Еванс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evans (@lindaevansofficial)

Кога таа станала вистинска телевизиска ѕвезда, благодарение на улогата на Кристи Карингтон, на актерката сите ѝ предвидувале невидена слава. Но животот ѝ напишал други романи. По култната серија, Линда Еванс се повлекла од глумата, снимајќи само неколку невпечатливи улоги, а и ретко се појавувала во јавност. Се пишувало дека убаво остарела и дека и понатаму привлекува внимание, а потоа во 2017 година во јавноста излегла снимка од нејзиното апсење. Покажала сосема поинаква Линда, која речиси никој не би ја препознал.

Полицијата тогаш кај неа во автомобилот нашла голема количина на таблети за кои немала рецепт, а актерката се правдала дека ги зела поради болки во грбот. Но нејзиното апсење се случило во 2014 година, а добила условна казна. Тогаш признала дека со години страдала од депресија и дека размислувала за самоубиство. За сето тоа детално и отворено проговорила во книгата Recipes for Life.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evans (@lindaevansofficial)

Зад ѕвездата од омилената серија во 1980-те има два развода, а оној од Џон Дерек, кој ја оставил поради 30 години помлада девојка, целосно ја скршил.

„Бев лута и тажна, но денес ми е драго поради сето тоа, бидејќи токму Џон ме убедуваше да се откажам од кариерата. Да останев со него, немаше да ја прифатам улогата во ’Династија’“, признала.

Од 1989 до 1998 година била во врска со музичарот Јани. Тогаш започнале нејзините посети на естетски хирурзи. Кога ни новиот изглед не ја направил среќна, посегнала по дрога.

Денес, Линда Еванс има 78 години и сѐ уште снима филмови и серии. Во 2009 година победила во четвртата сезона од британското реално шоу Hell‘s Kitchen. Вториот сопруг, Стен Херман, починал од леукемија во 2002 година, а денес има партнер кој е анонимен. Постојат гласини дека тајно се венчале.

Одбирала контроверзни мажи, идентитетот на таткото на нејзиното дете го шокирал светот: Животната приказна на најхаризматичната манекенка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.